ВМРО-ДПМНЕ објави имиња на девет кандидати за градоначалници

Од:

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, како што информираат од партијата, на саботната седница донел одлука да му предложи на Централниот комитет да се утврдат имињата на девет кандидати за градоначалници од редовите ВМРО-ДПМНЕ за престојните локални избори.

– Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за општина Ѓорче Петров го предлага Сокол Митревски, за општина Гази Баба Тони Трајковски, за општина Кочани Ратко Димитровски, за општина Валандово Николче Чурлиновски, за општина Демир Капија Трајче Димитриев, за општина Босилово Љупчо Колев и за општина Новаци Лазар Котевски. Предложените кандидатит се актуелни градоначалници на овие општини, се вели во соопштението.

За општина Крушево предложен е Ѓорѓи Дамчески, актуелен претседател на Општинскиот Комитет на ВМРО ДПМНЕ во Крушево, а за општина Тетово Горан Манојловски, актуелен претседател на Општинскиот Комитет на ВМРО ДПМНЕ во Тетово.

– При изборот на овие кандидати се водело сметка за личниот авторитет и кредибилитет на кандидатот и програмата која тој ја нуди пред граѓаните за економскиот, комуналниот и инфраструктурен развој на општината во која што се кандидира, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Поради криминалното работење на СДС и ДУИ во енергетскиот сектор, граѓаните плаќаат скапа електрична енергија

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста имаше можност да ја види целата мизерија на СДС и Левица

Горан Наумовски

Лозановска: Трагата од претходната влада е загаден воздух, седум години крадење и празни ветувања