Првите модерни Британци, кои живееле пред околу 10.000 години, имале „темна и црна кожа“, се вели во најновата ДНК анализа на најстариот човечки скелет пронајден во Британија.
Остатоците познати како „маж од Чедар“ пронајдени се пред околу 100 години во пештерата Гаф во клисурата Чедер во Самерсет. Интензивна дебата се разви околу потеклото на тој маж, бидејќи тој живеел набрзо откако првите доселеници поминале од континентална Европа во Британија на крајот на последниот леден период.