Швајцарскиот мобилен оператор „Свиском“ денеска соопшти дека кон крајот на минатата година бил регистриран хакерски упад во неговиот систем, при што „на ризик биле изложени“ личните податоци на околу 800.000 клиенти.
Според компанијата, засега непознат хакер имал пристап до информации за имињата, адресите, телефонските броеви и датумите на раѓање на нејзините клиенти.
„Свиском“ нагласува дека при хакерскиот упад не биле загрозени лозинките, разговорите или уплатите на клиентите, како и дека компанијата не добила поплаки од корисниците за злоупотреби на нивните податоци.