Државите од Западен Балкан во 2018 година ќе добијат над една милијарда евра од Евроската унија за подготовки за членство, се наведува во Декларација на Еврокомисијата по повод прифаќањето на Стратегијата за проширување на ЕУ кон Западен Балкан.
Од 2007 година до 2017 година ЕУ вложиле над 8,9 милијарди евра во држави од тој регион преку претпристапната помош. Во 2018 година се очекуваат уште 1,08 милијарди евра, се вели во документот.