(ВИДЕО) Бошњаковски: Нема закажано нова средба меѓу премиерите Заев и Ципрас

Од:

Нова средба на премиерите на Република Македонија Зоран Заев и на Република Грција Алексис Ципрас сеуште не е закажана, информира на денешната прес-конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Во врска со најавите од официјална Атина дека во рамки на преговорите за спорот за името дека ќе побара менување на членовите 3 и 49 од Уставот на Република Македонија, Бошњаковски одговарајќи на новинарско прашање истакна дека во моментов не се разговара за такво нешто.

Коментирајќи за информации во грчки медиуми дека македонската страна на средбата во Давос прифатила се што било побарано од грчката страна, Бошњаковски посочи дека средбата во Давос на премиерите на двете земји беше јасна и транспарентна и се што било договорено било соопштено на прес-конференцијата по средбата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски