Груби: САД да дадат придонес во надминување на разликите со Атина

Од:

Претседателот на собраниската група за пријателство со САД, пратеникот Артан Груби, воедно претседател и на Комисијата за Европски прашања на Собранието на Република Македонија, ја продолжи својата службена посета на САД со средби со повеќе свои колеги во Конгресот на САД.

Груби оствари средби со конгресмените Питер Роскам, Роберт Адерхолт, Џон Ретклиф, Кени Бак, Џон Муленар и Деби Дингл, како и други сенатори и конгресмени.

На сите средби Груби говореше околу неопходната потреба за активно и итно вклучување на Вашингтон во изнаоѓање достоинствено решение за спорот со името со нашиот јужен сосед.

Груби истакна дека парламентарното мнозинство и реформската влада имаат видливи и речиси одлични резултати во исполнување на домашните реформски задачи, заокружување на нормативниот дел на Охридскиот договор и го ратификувавме добрососедскиот договор со Бугарија.

„Наша единствена пречка на патот кон НАТО и ЕУ е само спорот со Атина и САД можат да дадат ценет придонес во надминување на разликите како што придонесувале постојано во историски моменти за нас и регионот“, рече Груби.

Сите соговорници, без исклучок, истакнаа огромна поддршка за Македонија, готовност да помогнат преку конкретни дела и нè охрабруваат да го направиме клучниот чекор кон полноправно членство во НАТО којшто ќе обезбеди оддржлив мир, сигурност, стабилност и економски развој.

Евро-атлантска Македонија, со кредибилни институции и реализирани реформи има многу пријатели во Вашингтон. На крајот, Груби побара од сите соговорници конкретно да помогнат преку јавни ставови, писма и барања со Кабинетот на претседателот на САД, итн. за уште поактивно вклучување на Вашингтон во изнаоѓање достоинствено решение, при што тие се заложија да помогнат и да комуницираат со Стејт департмент по однос на ова прашање.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски