Музика од „Битлси“ и „Квин“ на концертот на Скопски брас-квинтет

Од:

За првпат кај нас, познатите теми од легендарните групи „Битлси“ и „Квин“ ќе прозвучат од лимени дувачки инструменти.

Вечерва во камерната сала на Македонската филхармонија во 20 часот, концерт ќе одржи Скопскиот брас-квинтет во состав: Александар Илијевски и Вилијам Бараковски-труби, Благоја Василевски-хорна, Никола Ристевски-тромбон и Александар Ниниќ-туба. На програмата се популарните: „Bohemian Rhapsody“, „Imagine“, „Hey Jude“, „I Want to Hold Your Hand“, „Yesterday“, „She Loves You“, „Somebody to love“, „Help“…

Скопскиот брас-квинтет е формиран во 2016 година, но идејата да се создаде ваков тип на состав кај неговите членови тлеела уште од нивните студентски денови. Огромна била желбата кај нив да се покажат лимените дувачки инструменти во една поинаква улога. Од „Битлси“ до Бах, од Џон Вилијамсдо Сони Компанек, репертоарот на Скопскиот брас-квинтет е широк и се движи низ различни стилови и жанрови.

Иако досегашните настапи на овој состав не биле од концертен карактер, овој концерт отвора ново поглавје во нивната кариера. Не случајно изборот се композиции од „Битлси“ и „Квин“, за да се слушне и една поинаква страна на лимените дувачки инструменти, надвор од класичниот музички репертоар.

Членовите на Скопскиот брас-квинтет се редовни членови во националните музички куќи – Македонската филхармонија и Македонската опера и балет, како и надворешни соработници во Градскиот дувачки оркестар, Биг-Бендот на МРТВ и Биг-Бендот на Здружението на Џез-музичари на Македонија.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска