Фатен крадец на оружје во Охрид

Од:

При претрес на домот на Н.С. (32) од с. Средорече, општина Дебрца е пронајдена бојна пушка М-48, ловна пушка „Текче“ руско производство, калибар 12 милиметри, воздушна пушка „Камо“ калибар 4,5 милиметри од шпанско производство и гасен пиштол, германско производство,калибар 8 милиметри, со три испукани чаури.

Поголем дел од пронајденотот оружје е украдено и за него лицето не поседувало дозвола.

Според информациите од МВР лицето Н.С, во периодот од 14-ти до 30-ти Март, оваа година, преку помошна просторија, влегол во домот на лице од Охрид, при што, од таванот ги одзел бојната пушка М-48, калибар 7,9 милиметри со пет куршуми.

Против него ќе бидеат поднесени пријави за кражба, недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“

Гасниот пиштол го поседувал С.С. (25) брат на пријавениот, без дозвола и против него ќе биде поднесена прекршочна пријава.

 

 

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина