Маж кој се претставувал како доктор за сиромаси во селото Бангармау во северна Индија заразил најмалку 21 лице со ХИВ вирус.
Тој им го пренел вирусот така што користел контаминитани игли и шприцеви, сооопштија властите во земјата.
Мештаните раскажале дека го виделе лажниот доктор додека менувал игли, што според проценката на здравствените работници, најверојатно, довело до ширење на вирусот.
Изненадниот пораст на заболени од ХИВ во Бангармау ги алармирало властите, а истагата покажала дека сите тие примиле инјекција од едно исто лице.