Средба на Џафери со политичкиот директор за Рос Рот

Од:

Собранието на Република Македонија, во јуни оваа година, по седми пат, ќе биде домаќин на Рос-Рот семинарот на Парламентарното собрание на НАТО. За таа цел, претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, имаше средба со политичкиот директор задолжен за Рос-Рот семинари, Хенрик Блидал, кој во рамките на подготовките за семинарот е во повеќедневна посета на Република Македонија.

За време на средбата, претседателот Џафери изрази задоволство што Собранието на Република Македонија ќе биде повторно домаќин на Рос-Рот семинар на ПС на НАТО, особено имајќи го предвид фактот што истиот ќе се одржи во време кога Република Македонија засилено работи на планот на евроатланската интеграција, како и непосредно пред Самитот на НАТО во месец јули во Брисел.

Што се однесува конкретно на самата организација на семинарот, претседателот на Собранието истакна дека службата на Собранието ќе даде целосна стручна и оперативна поддршка и заедно со службата на ПС на НАТО ќе ги преземе сите неопходни подготовки за овој значаен меѓународен настан да се реализира на највисоко ниво.

Господин Хенрик Блидал се заблагодари за прифаќањето од страна на Собранието на Република Македонија да биде домаќин на овој семинар и истакна дека зградата на Собранието на Република Македонија ги задоволува сите стандарди за одржување на истиот.

ПС на НАТО одржува два или три Рос-Рот семинари годишно. За два до три дена, членовите на парламентите од земјите членки на НАТО и земјите партнери се состануваат со владини претставници, претставници од НАТО и од други меѓународни организации, како и експерти од универзитети, тинк-тенкови и невладини организации, за да разговараат за едно конкретно безбедносно прашање од заеднички интерес.

Би можело да ве интересира

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата