Kонкурсот за стипендии „Борис Трајковски“ за школување во гимназијата „Нова“

Од:

Фондацијата „Борис Трајковски“ и Меѓународното училиште „Нова“ по 14. пат го распишаа конкурсот за стипендии за четиригодишно школување во гимназијата „Нова“. Повикот е отворен до 22 февруари и може да се пријавуваат деветооделенци од цела Македонија кои се со одличен успех од петто до деветто одделение.

Ќе бидат доделени три целосни стипендии, но учениците кои ќе влезат во вториот круг ќе може да аплицираат и за делумна финансиска помош со која ќе бидат покриени до 50 отсто од школарината.

Сите заинтересирани до 22 февруари треба да ја пополнат електронската апликација која може да се најде на веб-страницата на „Нова“ www.nova.edu.mk

На 23 февруари ќе бидат организирани тестирања по англиски јазик и математика, а учениците кои ќе влезат во вториот круг пред повеќечлена комисија ќе презентираат лидерски, тимски и креативни вештини. Финалните резултати ќе бидат објавени на 14 март.

– Самиот факт дека го отвораме конкурсот по 14. пат е доволен показател дека бројот на заинтересирани секоја година се зголемува и задоволни сме од тоа како овој проект расте и се развива. Чест ни е што веќе традиционално соработуваме со фондацијата „Борис Трајковски“ и што голем број на млади, амбициозни луѓе аплицираат и сакаат да станат дел од нашата образовна институција – велат од меѓународното училиште „Нова“.

Програмата за стипендирање почна во 2005 година, а досега ја завршија 10 генерации матуранти, кои своето образование го продолжија на врвни факултети во Европа и во САД.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование