САД одобрија продажба на 200 офанзивни и одбранбени ракети на Финска, која не е член на НАТО и граничи со Русија, соопшти Стејт департментот.
Зделката е над 700 милиони долари.
Ракетите се земја-вода „Харпун“, наменети за финските воени бродови или за ПРО на брегот, и ракети „Си Спароу“, наменети за воените бродови кои Финска ќе ги добие до 2020 година.