Британскиот државен секретар на вооружените сили, Ендрју Робатан вчера изјави дека “малку е веројатно” Аргентина повторно да изврши инвазија на Фокландските Острови.
Тој на британските пратеници им рече дека аргентинскиот устав забранува воен напад на островот, додавајќи дека “не влијае – иако не треба да се занемари -. Дека нивните вооружени сили во моментов се добро опремени”
На фокландите за март е распишан референдум, дали овие острови ќе останат британска територија, а се очекува со гласањето да се зајаке врската на околу 2.500 жители на островот и Лондон.
Аргентина и Велика Британија водеа кратка војна на фокландите во 1982 година во која загинаа 649 Аргентинци, 255 Британци и тројца луѓе од Фолкланд.