Локалниот пат до месноста Баниче во Тетовско синоќа е повторно затрупан со карпи и земја, поради што и денеска треба да се интервенира.
Од ЦУК информираат дека во текот на вчерашниот ден со багер е интервенирано на локалниот пат кој води до месноста Баниче што беше затрупан од одрон на земја и камења. Патот како што наведуваат бил расчистен, но околу 20:30 часот добиено е известување дека истиот е повторно затрупан со големи карпи и земја.
Од страна на РЦУК Тетово известен е кризниот штаб на општина Тетово од каде добиена е информација дека ќе интервенираат во утринските часови заради безбедност, затоа што патот е со многу лоша конфигурација и од едната страна има висока бездна.