Здружението за борба против рак „Борка – за секој нов ден“ организира акција за жените што ја изгубиле косата како последица од хемотерапија при лекувањето од рак, а кои се во социјален ризик. Tие го прогласија февруари за месец во кој се донира за перики наменети за овие жени. Здружението досега донирало повеќе од 800 перики, со помош на разни донатори и хумани луѓе.
Сите заинтересирани кои сакаат да донираат перика за жените кои немаат пари да си купат своја, за повеќе информации може да се јават на СОС-телефонот за помош и поддршка на лица заболени од рак 075 22 88 99 .
Акцијата е дел од Светскиoт ден за борба против ракот, 4 февруари, која е единствена иницијатива што го обединува целиот свет со една цел – борба против глобалната епидемија на рак.