Работен појадок на Османи со амбасадорите на земјите од Западен Балкан

Од:

Денеска, со почеток во 09:30 часот, во просториите на Секретаријатот за европски прашања, Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, ќе одржи работен појадок со амбасадорите на земјите од Западен Балкан во Република Македонија.

На средбата се поканети амбасадорите на Република Албанија, Босна и Херцеговина, Република Косово, Република Црна Гора и Република Србија.

Средбата се одржува на само еден ден од излегувањето на Стратегијата на Европската Комисија за проширување со земјите од Западниот Балкан, што ќе биде и глава тема на состанокот, каде се очекува да се отворат и останатите теми од регионален интерес, како што се: следниот циклус на извештаи на Европската Комисија за земјите аспиранти за членство, напредокот во меѓусебната соработка и добрососедските односи, потенцијалите за соработка во рамките на Берлинскиот процес итн.

Пред почетокот на работниот појадок предвидено е Вицепремиерот Бујар Османи да даде изјава за медиуми.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски