Во Брисел веќе започна трката за наследниот на Жан-Клод Јункер на функцијата претседател на Европската Комисија, но земјите-членки на ЕУ се уште немаат договор за правилата според кои тој ќе биде избран.
Помеѓу можните кандидати за да го наследи Јункер во есента 2019 година најчесто се споменува името на Мишел Барние, кој во моментов е главен преговарач на ЕУ за Брегизт. Тој се кандидираше и во 2014 година, но тогаш Европската народна партија (ЕПП) се определи за ре-избор на Јункер.
Јункер тогаш беше истурен како водечки кандидат во процедурата по која европските партии предлагаа листи. Идејата беше претседател на Комисијата да биде првиот на листата на партијата која ќе освои најмногу места во Европскиот парламент.
Европскиот парламент, кој со гласање бира шеф на Комисијата, сака истиот метод повторно да биде употребен, бидејќи така ќе биде зголемена транспарентноста и зајакнат политичкиот легитимитет на ЕП и на ЕК.
Повеќето европски лидери, на чело со францускиот претседател Емануел Макрон, се противат на методот на „водечки кандидат“, а се очекува тоа да го повторат и на самитот во Брисел на 23 февруари.
– Во повеќето европски престолнини во 2014. година имаше фрустрации поради тоа што процедурата која доведе до номинација на Јункер не беше доволно транспаретна, наведува еден извор.
Некои сметаат дека тој систем доведува до политизација на ЕК, што се оценува како штетно. Додека други се плашат од ситуацијата во која евроскептичните партии ќе остварат успех на европските избори, што би можело да доведе до избор на нивен кандидат.
– Европскиот парламент ќе го одбие секој кандидат за претседател на Комисијата кој нема да биде номиниран како „водечки кандидат“ пред изборот за ЕП, предупреди шефот на пратеничката група на ЕПП во Европскиот парламент, Германецот Манфред Вебер.
Шефот на кабинетот на Јункер, Мартин Селмер исто така повика во 2019 година да се повтори процедурата од 2014.
Со оглед на тоа дека се уште не е избрана формулата по која што ќе се избира новиот претседател ,се уште нема официјални кандидати.
Мишер Барние, поранешниот еврокомесар и неколкукратен министер во француската влада, никогаш официјално не изјави дека повторно би се кандидирал за функцијата, но сепак според медиумите е еден од најсериозните претенденти.
Покрај него се споменува и Маргарет Вестагер од Данска, која во моментов е комесарка за конкуренција.