Раководството на Бостон Селтикс е подготвено да се откаже од услугите на легендата на клубот, Пол Пирс, со цел во иднина целосно да го подмладат тимот.
Селтикс веќе започнале подготовки со Њујорк, ЛА Лејкерс и Торонто, во врска со можниот трејд на Пирс за Амаре Стадемаер, Пау Гасол или Амдреа Барњани.
Иако Пирс е прв стрелец на екипата, директорот на Бостон, Дени Ејнџ, се сомнева дека МВП од финалето во 2008 година ќе може да го предводи тимот до нови успеси.
Американските медиуми шпекулираат дека Селтикси се подготвени да се ослободат од услугите на Џарвис Варанд и Крис Џозеф за да направат простор за трејдот.
Ејнџ очекува дека за Пирс, иако тој има 36 години, може да добие добра понуда, бидејќи во следната сезона ќе треба да заработи четири милиони долари.