Косовскиот министер за финансии Бедри Хамза поднесе оставка, јави Анадолија.
Вицепремиерот Хајрадин Кучи потврди дека Владата ја прифатила оставката. Тој не ги посочи причините за неа, но истакна, дека тие наскоро ќе бидат официјално соопштени.
Кучи нагласи дека постои веројатност Хамза да биде именуван за претставник на Косово во Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Вашингтон или за гувернер на централната банка на Косово.
Вицепремиерот додаде дека Хамза повлекувањето од функцијата го објавил по донесувањето на буџетот за 2013 година. Бедри Хамза е министер за финансии од 2010 година.