Поранешниот селектор на македонската кошаркарска репрезентација Марин Докузовски го напушти кормилото на бугарскиот шампион Лукоил Академик. Еден ден по поразот во дербито од домашниот шампионат против Левски (78-85) челниците на Лукоил и македонскиот стратег спогодбено ја прекинаа соработката.
Лукоил минатата сезона ја освои двојната круна во Бугарија, но сезонава бележи послаби резултати, а претрпе и елиминација во групната фаза од Еврокупот. Челниците на софискиот клуб му се заблагодарија на Докузовски за досегашната соработка и лојалност, посакувајќи му успеси во понатамошниот дел од кариерата.