Министерот за правда Билен Салији денеска го повтори ставот дека новото тело за имплементација на реформите во правосудството со кое ќе раководи премиерот се формира со цел на повисоко ниво да се следи спроведувањето на реформскиот процес имајќи ја предвид важноста на овие реформи.
Одговарајќи на новинарски прашања, министерот Салији нагласи дека Советот за реформа во правосудството што беше во рамки на Министерството за правда успешно ја завршил работата и оти како резултат на тоа е донесена Стратегијата за реформа во праводуството и сет на закони од кои некои се веќе усвоија од страна на Собранието, а дел чекаат да бидат донесени.
– Во тесна соработка и консултации со премиерот оценивме дека Советот за реформи кој беше во рамки на Министерството за правда успешно ја заврши работата. Оценивме дека е време заради ќувствителноста и важноста на реформскиот процес ова тело да добие на политичка тежина на повисоко ниво, рече Салији.