Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на повик на поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско в недела ќе отпатува во дводневна официјална посета на Ватикан.
Канцеларијата за односи со јавноста на турскиот претседател соопшти дека Ердоган и Папата ќе се сретнат во Ватикан и ќе разговараат за билатерални и регионални теми. Во соопштението се наведува дека турскиот претседател ќе се сретне и со ватиканскиот државен секретар, кардиналот Пјетро Паролин.
Ердоган во Рим ќе има и работен ручек со италијанскиот колега Серџо Матарела, а потоа и со шефот на италијанската Влада, Паоло Џентилони.