Бројот на лицата кои во 2017 година побарале меѓународна заштита во Европа е намален за речиси 50 отсто во однос на претходната година, соопшти денеска Европската канцеларија за поддршка на азил (ЕАСО).
Канцеларијата прецизира дека повеќето од барателите на азил биле Сиријци.
ЕАСО информира дека лани 706.913 лица побарале азил во 28-те земји од Европската Унија плус Норвешка и Швајцарија, што претставува 43 проценти помалку отколку во 2016 година.