Маж пукаше врз градинка во градот Салават, во јужниот дел на Русија, по што припадници на руската полиција упаднаа во неговиот стан и го убија, соопшти полицијата.
Напаѓачот, на возраст од 50 години, испукал неколку куршуми од ловечка пушка од прозорецот на својот стан во градот Салават, и го скршил прозорецот на спортска сала во која си играле деца. Од нападот наставничката е полесно повредена, јавија руските медиуми.
Прозорецот на спортската сала бил погоден од шест куршуми, од кои еден завршил во стомакот на наставничката додека се обидувала да ги изнесе децата надвор од салата.