Македоснкиот шампшион и единствен претставинк во Јадранската АБА лига на гостувањето во Крагујевац во рамките на 17. коло ќе биде ослабен поради неиграњето на Ѓорѓи Чековски.
Повредата на првиот скокач Чековски е најголемиот проблем со кој се соочува македонскиот претставник во регионалната кошаркарска АБА лига, МЗТ Скопје Аеродром пред вечерашното гостување 20:30 часот кај српскиот тим Раднички Kрагујевац.
Двата тима со порази ја почнаа 2013 година и атакуваат на првата радост во оваа календарска година.
Победа за МЗТ може да значи и влез меѓу првите четири тима на табелата. Нема да му биде лесно на македонскиот шампион, бидејќи загуби од Раднички и во Скопје.
Тогаш на клупата го немаше Алеш Пипан, а Тодор Гечевски играше малку, бидејќи беше исклучен.
МЗТ има и друг плејмејкер во однос на првата меѓусебна средба. Словенечкиот тренер пред мечот, вели дека Чековски нема да настапи, а причина е повреда на препоните.