Груби-Коблер: Опозицијата да биде конструктивна надминувајќи го своето минато

Од:

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, Артан Груби, оствари средба со амбасадорката на Република Австрија во Република Македонија, Ренате Коблер.

На средбата, Груби осврнувајќи се на последните случувања во земјата во однос на потребните ЕУ реформи и задачи, истакна дека коалицијата работи посветено, со цел во Годишниот извештај за земјата во април, да биде тргната условеноста на препораката за почеток на преговори за наше членство во ЕУ, и во јуни Советот во Софија да ја потврди оваа препорака.

Во таа насока, информира дека Собранието го ратификуваше Договорот за добрососедски односи со Бугарија, усвои многу од реформските закони, во тек се преговорите за решавање на спорот со името со Грција, се заокружува нормативниот дел на Охридскиот рамковен договор.

Груби истакна дека очекува во текот на австриското претседавање почеток на отворање на поглавјата.

Груби истакна дека во случајот со законот за јазиците, опозицијата продолжува се деструктивната политика и за жал е останата заробена во бремето на своето скоро неславно минато, покажувајќи некомпатибилност и неразбирање на денешницата и очекувањата на граѓаните.

Државата е пред големи историски предизвици и има потреба од одговорна опозиција.
​
Амбасадорката Коблер информира за подготовките за австриското претседавање со ЕУ, кое започнува во втората половина на годинава, при што ја потврди поддршката на Австрија за евроинтегративните процеси на Македонија, како и на останатите земји од Западен Балкан.

Таа истакна дека Австрија ќе ја продолжи политиката за проширување на ЕУ со земјите од овој регион, со што државите ќе се зајакнат, а со тоа и целата ЕУ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски