Владата ќе ја одржи својата редовна, 52-ра седница

Од:

Владата на Република Македонија, денеска со почеток во 12 часот, ќе ја одржи редовната 52 седница.

Во рамките на седницата ќе се разгледуваат состојбите и напредокот во процесот на евроинтеграциите, користењето и имплементацијата на фондовите од ЕУ, статусот на реализација на приоритетите на Република Македонија за влез во НАТО и статусот на реализација на Рамковниот договор.

На владината седница ќе се разгледуваат годишни програми за работа, инвестициони програми како и програми за реализирање на годишен стратешки план на повеќе државни агенции и јавни претпријатија како и на Дирекцијата за технолошки индустриски зони, Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации како и Фондот за иновации и технолошки развој.

На дневен ред е и Предлог-програмата за развој на туризмот, како и Предлог-годишната програма за финансирање на железничката инфраструктура за 2018.

Владата денеска ќе одлучува и по Предлог-одлуката Судскиот буџетски совет за утврдување на бодот за пресметување на платите на судските службеници и судската полиција за 2018 година.

Министрите на Владата, на денешната седница ќе го разгледаат и енергетскиот биланс на Македонија за 2018 година, Предлог-програмата за поддршка на домашниот туризам за работници со ниски примања, Предлог-националната програма за развој на земјоделството и руралниот развој за период 2018-2022 година, како и бројни Информации по предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за животна средина и просторно планирање.

Денеска Владата ќе одлучува и по Предлог-законот за престанување на важењето на законот за поддршка на домашната музичка продукција, а ќе ја разгледа и Информација за доделување на стипендии за странски државјани кои се од интерес за Република Македонија, како и Информацијата за Ревидиран Акциски план за вработување на млади за периодот 2016- 2020 година и ревидираната Информација за имплементација на Националната стратегија за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост во Република Македонија 2010-2020.

На денешната седница владата ќе ја разгледа Предлог Стратегијата за образование 2018-2015, и ќе биде информирана и за процесот на реализација на активностите од Рамковниот договор за „Техничка помош за подготовка на сеопфатна Стратегија за образование 2016-2020“ во рамки на Оперативната програма Развој на човечки ресурси 2007-2013.

Би можело да ве интересира

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните

СДСМ обвинува: Планот на Владата ќе ја турне државата во уште поголем долг

Горан Наумовски

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај

Горан Наумовски

Владата најави поевтинување на дизелот за 6,5 денари

Владата одлучи: Нема да трошиме време и пари на референдум за европскиот пат

Горан Наумовски