Џафери: Расправата за Законот за употреба на јазиците ќе се одржи кога ќе бидат исполнети условите

Од:

Расправата за Законот за употребата на јазици во трето читање ќе се одржи откако ќе бидат исполнети сите услови за тоа, кажа претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери.

Тој истакна дека се уште не е завршена обработката на сите амандмани поднесени од ВМРО-ДПМНЕ за законот со што не се исполнети формалните услови за отворање претрес по таа точка.

Денеска Собранието на Република Македонија расправаше по 23 точни на дневниот ред, а пореди немањето кворум за работа, гласањето по овие точки ќе се одржи утре во 12 часот, за кога е закажано продолжението на седницата.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги