Македонија влегува во клучен период за евроатлантските интеграции, кога се очекуваат и клучните датуми за одредување на нашиот напредок во овие процеси. До 2025 година се очекува Србија и Црна Гора да станат членки на ЕУ, па се надеваме дека тоа ќе биде шанса и Македонија да напредува со реформите. Ова го изјави заменикот на претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Бујар Османи.
„Во пресрет на објавувањето на стратегијата на ЕУ за проширување на земјите од Западен Балкан, што ќе се случи за 10-на дена очекуваме Македонија да добие јасна порака за стабилноста и извесноста на нашите европски перспективи. Оваа стратегија е од историско значење, бидејќи за првпат се дава временска рамка“, рече Османи.
Тој реферираше и за планот 3-6-9, за којшто рече дека е во согласност со предвидената динамика, а единствено има застој во донесувањето на одредени закони за коишто е потрбен консензуз.
Г.Н.Р.