Во текот на изминатиот викенд во Скопје се случиле 16 сообраќајни незгоди

Од:

Во текот на изминатиот викенд, на подрачјето на Сектор за внатрешни работи Скопје се случиле 16 сообраќајни незгоди. При сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди додека осум со лесни телесни повреди.

Од преземените мерки и активности констатирано е дека 102 возачи го управувале возилото со по голема брзина од дозволената. 32 возачи се исклучени од сообраќајот и тоа седум бидејќи го управувале своето возило под дејство на алкохол и 25 возачи го управувале возилото без да се стекнат со право за управување на моторно возило.

Исто така 24 возила се исклучени од сообраќај, бидејќи дел од нив биле технички не исправни и со истечена важност на сообраќајната дозвола. 12 возачи се санкционирани бидејќи ја поминале крстосницата на црвено светло, двајца не дале првенство на минување, 10 не правилно се престроиле и четворица не правилно престигнувале.

Преземени се мерки и против еден пешак кој поминал коловоз надвор од пешачки премин. Во текот на изминатите денови исто така издадени се 153 мандатни платни налози, додека 149 возила се подигнати со “Пајак”.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето