Османи: Европските вредности изгради на темелот на антифашизмот се и наши автохтони вредности

Од:

Денеска, во просториите на Секретаријатот за европски прашања во соработка со Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје и граѓанска асоциација “Acta Non Verba”- Скопје се одбележа Меѓународниот ден за сеќавање на трагедијата на Холокаустот што се случи во текот на Втората светска војна, а кој се совпаѓа со 73-годишнината од ослободувањето на фашистичкиот логор Аушвиц. На настанот присуствуваа претставници на дипломатскиот кор, претставници на меѓународната заедница како и претставници на еврејската заедница во земјава.

Во рамки на настанот беше промовирана книгата од еврејската авторка Мими Камхи Ергас- Фараџи “МОЈОТ ЖИВОТ ПОД НАСИСТИЧКАТА ОКУПАЦИЈА”, во која е опишана нејзината бегалска голгота за време на нацистичката окупација – од Скопје преку Косово па се до Скадар, Албанија. Книгата е преведена на три јазици, Македонски, Албански и Англиски, а специјален гостин на настанот беше ќерка на авторката, Ита (Дрита) Бартув, која е родена за време на бегласката голгота на нејзиното семејство.

На настанот свое обраќање имаа Вицепремиерот Бујар Османи, специјалната гостинка Ита Бартув, Амбасадорот на Израел во Република Македонија, Дан Ориан, Амбасадорот на Сојузна Република Германија во Република Македонија, Томас Герберих и Скендер Асани, директор на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците.

„Во книгата можеме да ги препознаеме вредностите на добрите луѓе од овој регион: Албанци, Македонци, Срби, Турци, кои несебично помогнале во извлекувањето од теророт на Холокаустот, а чие сеќавање и оставина, денес нам ни се потребни за да го градиме колективниот дух на новото современо општество. Тоа е важно и за да сфатиме дека европските вредности, изградени на основа на антифашизмот се и наши вредности, тоа се цивилизациски вредности кои се и овде автохтони, и кои ни се потребни за полесно да ги надминеме предизвиците со кои денес се соочуваме како народи на овој регион.“ – истакна Османи во своето обраќање, Тој додаде дека Македонија, како аспирант за членство во Европската Унија, во целост е посветена на примена на европските вредности на еднаквост, хуманост и солидарност, и постојано работи на унапредување на истите.

Би можело да ве интересира

Косовско МНР: Недостоинствен однос кон Османи на скопскиот аеродром

Османи: Владата која што доаѓа нема одговорност кон Преспанскиот договор, но има обврска да го почитува

Горан Наумовски

Османи: Членство во ЕУ на сите учесници во ПСЈИЕ е гаранцијата за стабилноста и наш приоритет

Горан Наумовски

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

A1on

Милошоски: ЕУ земји донеле одлука да ги признават пасошите до септември, Османи ја криел одлуката

Анита Петровска Рајковиќ

Османи: Интеграцијата во НАТО и ЕУ како најдобар одговор на руските империјални амбиции