Времето за дипломатско решение помина. Ситуацијата е трагична и повеќе не може да се бара оправдување за приказните дека е потребна поддршка за евентуално политичко решение, изјави во интервју за телевизијата „Ал Џезира“ катарскиот премиер шеик Хамад Бин Џасем ал Тани.
Тој истакна дека Катар е подготвен да поддржи политичко решение за Сирија во рамки на Советот за безбедност на ОН по договор меѓу Вашингтон и Москва, но, според него, засега нема никакви знаци дека таков договор може да биде постигнат.
– За жал тоа се фактите. Никакво друго решение освен смена на сегашната Влада во Сирија не може да доведе до прекин на крвопролевањата. Затоа ја поддржуваме сириската опозиција. Сирискиот народ треба да се ослободи од сегашниот режим. на убиствата, киднапирањата и уривањата на цели градови треба да им се стави крај, додава Ал Тани.
Катарскиот премиер нагласи дека арапските земји треба да докажат дека се способни да ги прекинат насилствата и сериозно да размислат за испраќање воени сили во Сирија.