Сообраќајот на регионалниот пат Штип – Кочани се пренасочува поради незгода

Од:

Поради сообраќајна незгода на регионалниот пат Штип – Кочани, сообраќајот е пренасочен кон патниот правец Штип – Плачковица, информираат попладнево од Автомото сојузот на Македонија.

Според податоците оттаму, пренасочувањето на сообраќајот почнало во 14 часот и пет минути, а засега нема информации до кога ќе се спроведува истото.

АМСМ воедно информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози, а наместа влажни, особено на планинските осојничави места. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози