Претседателот на Европската унија Херман ван Ромпуј вети дека ЕУ ќе ја поддржи транзицијата во Египет, пренесе ДПА.
-Успехот на овој процес е важен за регионот и за целиот свет, подвлече Ван Ромпуј по средбата со египетскиот претседател Мухамед Морси во Каиро.
Тој соопшти дека ЕУ и со неа повразните финансиски институции предложиле на Египет во текот на оваа и следната година да му доделат над пет милиони евра како помош и кредити под поволни услови, за да ја поддржат транзицијата во најбројната арапска држава.
Ван Ромпуј вчера пристигна во дводневна посета на Египет.Европската унија е најголемиот трговски партнер на оваа земја.
Во меѓувреме, Швајцарија го одложи враќањето во Египет на 700 милиони швајцарски франци (над 583 милиони евра), кои му припаѓале на стариот режим, заради несигурната политичка ситуација во оваа арапска држава, пренесе уште ДПА, повикувајќи се на локалните медиуми.
Новите египетски власти претходно побараа судска помош за да добијат пристап до замрзнатите сметки во швајцарските банки на поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак и членовите на неговото семејство.