Хрватска заедно со Летонија и Словенија забележа најголем скок на бројот на туристички ноќевања меѓу земјите од ЕУ во 2017 година, покажуваат податоци на Европската агенција за статистика.
Минатата година во 28 земји од ЕУ регистрирани се вкупно малку повеќе од 3,2 милијарди туристички ноќевања, што е за 5,1 отсто повеќе од една година претходно, пресмета Евростат.
Со тоа нивниот раст продолжува деветта година по ред.