Средба на директорот на Царинската управа со Амбасадорот на Јапонија во Македонија

Од:

Директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски оствари средба со Амбасадорката на Јапонија, Кеико Ханеда.

„На средбата амбасадорката Ханеда беше запозната со претстојните приоритетни и стратешки активности што ги презема Царинската управа во насока за понатамошно осовременување на царинското работење и забрзувањето на меѓународната трговија.

На средбата е истакната заинтересираноста за продлабочување на билатералната соработка помеѓу царинските служби на Јапонија и Република Македонија, на полето на примена на искуства и добри практики за поголема ефикасност и примена на современи методи во работењето“, се вели во соопштението на Царинската управа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спречен обид за криумчарење 6,4 килограми сребро

Горан Наумовски

Царинската војна збриша 5.000 милијарди долари за два дена

69 камионџии со неправилни сертификати за „професионална компетентност на возач“

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

Спречен шверц на пиротехнички материјали, лекови, парфеми и облека

А1он