Османи: Македонија и Косово имаат потенцијал за продлабочување на меѓусебната соработка

Од:

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, оствари средба со Заменик Претседателот на Владата на Република Косово, Енвер Хоџај.

Една од главните теми на средбата беше размената на мислења и информации во насока на организацијата на заедничката владина седница меѓу Република Македонија и Република Косово.

„Скопје и Приштина немаат отворени политички прашања, што претставува потенцијал за продлабочување на односите меѓу двете Влади“, истакна Османи на средбата.

Тој додаде дека државните раководства мора да вложат повеќе напор за да ги подобрат условите за размена и комуникација, со цел да излезат во пресрет на сѐ поголемиот бизнис потенцијал, но и потребата на граѓаните на двете земји за полесна меѓусебна комуникација.

„Нашите одлични односи наскоро ќе ги демонстрираме и со одржување на заедничка Владина седница меѓу двете држави, од каде очекувам да произлезат конкретни иницијативи, мерки и активности во насока на продлабочување на меѓусебната соработка“, истакна Османи.

Двајцата соговорници уште еднаш ја потенцираа заложбата на двете земји за европската перспектива на регионот, за што од интерес на двете земји е меѓусебно да се поддржат во процесот на интеграција во ЕУ.

Македонија, има стекнато огромни искуства преку долгогодишните активности во рамките на процесот за Стабилизација и Асоцијација со Европската Унија и со задоволство, овие искуства ќе ги пренесе на нашите колеги од Косово, а со цел забрзување и унапредување на европските перспективи на целиот регион.

Во оваа насока, двајцата соговорници изразија задоволство од одржувањето на првиот состанок на Заедничкиот Комитет за европски интеграции меѓу Република Македонија и Република Косово минатата недела во Скопје и се заложија нивното одржување да стане редовна практика.

На средбата исто така беа отворени прашањата за унапредувањето на меѓуграничната и регионалната соработка преку конкретни проекти во рамките на регионалните инцијативи за соработка, особено во рамките на „конективити“ агендата на Берлинскиот процес, но и со заеднички настап пред европските фондови со проекти за меѓугранична соработка.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски