Економскиот раст на глобално ниво оваа година и следната ќе бидат подобри од претходно очекуваното, оценува Меѓународниот монетарен фонд.
Прогнозираната стапка на глобален економски раст, аналитичарите на ММФ ја зголемија за 0,2 отсто на 3,9.
– Причина за овие оптимистички прогнози за економскиот раст се очекуваните резултати од неодамнешната даночна реформа во САД -изјави економскиот советник и директор за истражувања на ММФ, Морис Обстфелд во пресрет на почетокот на Светскиот економски форум во Давос.
ММФ очекува воедначен економски раст во повеќето држави од светот.