Влада на РМ: Законот за употреба на јазиците е согласно Уставот и изгласан во демократска, парламентарна процедура

Од:

Владата на Република Македонија реагира на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ.

„Владата на Република Македонија смета дека Законот за употреба на јазиците е согласно Уставот на Република Македонија, изгласан е во демократска, парламентарна процедура и е во интерес на сите граѓани и во рамки на концептот едно општество еднакво за сите.

ВМРО–ДПМНЕ имаше можност да учествува во процесот на носење на овој закон во Собранието на Република Македонија, но одби да го направи тоа со што демонстрираше политичка неодговорност. Имајќи предвид дека претседателот Иванов не го потпиша указот за прогласување на законот за употреба на јазиците, истиот повторно ќе се најде во Собраниска процедура, при што ВМРО–ДПМНЕ ќе има можност активно да интервенира преку амандмандска расправа“ се вели во реакцијата на Владата на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски

Левица: Ако економијата расте, зошто Владата постојано зема нови кредити?

ДУИ: Три странски инвеститори си заминаа за две години, Владата да каже колку работници останаа без работа

Владата ја продолжи кризна состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места