Најмалку 150 летови се откажани на меѓународниот аеродром во Токио поради обилни снежни врнежи, а не се лета ниту на главните домашни линии.
Според метеоролозите, во последните четири години во Токио немало такви обилни снежни врнежи. Поради влошувањето на состојбата, Владата формира и кризен штаб.