Индија лансираше интерконтинентална ракета

Од:

Индија изврши проба на интерконтинентална ракета со најдолг дострел наречена „Агни V“, соопшти индиското министерство за одбрана.

Според министерството, лансирањето претставува „голем поттик за одбранбените капацитети“ на таа земја.

Се наведува дека тестот бил извршен во рамки на напорите на Индија да создаде нуклеарно оружје способно да се спротивстави на капацитетите на соседните Пакистан и Кина.

Министерството, преку Твитер, објави дека тестот на ракетата со дострел од 5.000 километри бил спроведен од остров во Бенгалскиот залив, во близина на источниот брег на Индија.

Според светските медиуми, овој ракетен систем е подобрена верзија на оригиналната ракета „Агни“ („Пожар“), која беше дел од програмата започната во 80-тите години на минатиот век.

Инаку, Њу Делхи подолго време тврди дека се соочува со закана што доаѓа од двајца лути непријатели – Пакистан, кој развива сопствена нуклеарна и ракетна програма, како и Кина која со Индија има долготраен спор околу хималајската граница што се интензивираше во последниве години.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати