Влада на РМ: Законот за употреба на јазиците е во согласност со Уставот, тој ја унапредува употребата на јазиците на сите зедници

Од:

Владата на Република Македонија со писмено соопштение реагира на одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да не го потпише Законот за употреба на јазиците.

„Владата на Република Македонија изразува жалење за одлуката на Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов да не го потпише указот за Законот за употреба на јазиците.

Во оваа прилика сакаме уште еднаш да нагласиме дека сите одредби во законското решение за употребата на јазиците се во согласност со амандманот 5 од Уставот на Република Македонија.
Со Законот ја унапредуваме употребата на јазиците на сите заедници во Република Македонија.

Мотивот за донесување на овој закон е грижата за сите граѓани во Република Македонија, во која градиме општество еднакво за сите. Тое е концепт во кој оваа влада силно верува силно и кој ќе продолжиме и понатаму да го унапредуваме.

Со Законот ќе се прошири употребата на службениот јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, што значи дека Законот, согласно ова, ја проширува употребата на јазиците во институциите и ќе овозможи на граѓаните да комуницираат со државните институции на својот мајчин јазик.

Владата на РМ се определи за политики што ја градат Република Македонија како граѓанска држава на сите кои живеат во неа: Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите други заедници. Јазичните политики ќе се сообразуваат според потребите на граѓаните од сите етнички заедници.

Особено значајно, овој закон целосно ја гарантира соодветната употреба на македонскиот јазик и на другите јазици кои се во службена употреба во одредени единици на локална самоуправа – турски, ромски, српски, влашки и бошњачки.

Владата на Република Македонија со ова овозможува сите граѓани полесно и поефикасно да ги остварат своите уставни права.

Законот беше донесен соодветно на предвидените процедури во Собранието на РМ. Опозицијата ги имаше сите можности амандмански да учествува во усовршувањето на законот. Опозицијата сама донесе одлука да не учествува во политичкиот процес на донесување на Законот за употреба на јазиците. Неучеството не ја исклучува политичката одговорност.

Законот за употреба на јазиците не го доведува во прашање унитарниот карактер на Македонија, ниту, пак, употребата на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо кои и понатаму остануваат единствени официјални службен јазик и писмо на целата територија на Република Македонија и во нејзините меѓународни односи, одбраната, централната полиција и монетарната политика.

Законот ќе биде испратен на мислење во Венецијанската комисија и сите нивни забелешки ќе бидат вградени во текстот на овој закон. Ова е гаранција дека законот не предвидува ништо спротивно од европските стандарди за употреба на јазиците на етничките заедници.

Ако некој граѓанин има право да зборува на својот мајчин јазик, со тоа не губат другите граѓани, а добива Република Македонија, како граѓанска и демократска држава“ се вели во соопштението на Владата на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски