Средба меѓу директорот на Царинската управа Танасоски и амбасадорот на Холандија Пломп

Од:

Во просториите на Царинската управа беше остварена средба меѓу директорот на Царинската управа г-дин Ѓоко Танасоски и амбасадорот на Кралството Холандија г-дин Вилем Ваутер Пломп.

На средбата беа истакнати придобивките од досегашната успешно спроведена билатерална соработка помеѓу царинските служби на Холандија и Македонија, која датира од 2003 година и на заедничко задоволство се констатираа резултатите од десетгодишната соработка во периодот 2003-2012, со којa се даде поддршка во унапредувањето на царинските постапки кај увозот за облагородување, економски ефект и акцизни добра, унапредување на работата на царинската лабораторија, како и воспоставувањето на систем за адекватна заштита на правата на интелектуална сопственост и соработката со Управата за јавни приходи и други инспекциски органи.

По презентирање на тековните и претстојните приоритетни и стратешки активности на Царинската управа беа разменети предлози за идни заеднички делувања во рамки на билатерална соработка и нејзиното проширување, во однос на идно учество на Царинската управа на Холандија во идните твининг проекти на Царинската управа, поголемо учество во МАТРА програмите за обука и поддршка во процесот на европска интеграција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спречен обид за криумчарење 6,4 килограми сребро

Горан Наумовски

Царинската војна збриша 5.000 милијарди долари за два дена

69 камионџии со неправилни сертификати за „професионална компетентност на возач“

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

Спречен шверц на пиротехнички материјали, лекови, парфеми и облека

А1он