Конфедерацијата на синдикати денеска од пред владата порача дека бара веднаш да престанат притисоците врз вработените во јавниот сектор, а особено притисоците врз синдикалните претставници и обидот за задушување на синдикалното движење, веднаш да се пристапи кон усогласување на платите во јавниот сектор во согласност со зголемувањето на минималната плата од октомври 2017 година, веднаш да започнат преговори за зголемување на платите во јавниот сектор, без дискриминација на одредени дејности, веднаш да почнат преговори за измена и дополнување на Општиот колективен договор за јавниот сектор, со цел подигнување на работничките права во делот на минат труд, правото на регрес за годишен одмор и породилното отуство и задолжително да се усогласуваат барањата за платите во јавниот сектор помеѓу репрезентативните синдикати и Владата пред секое планирање на буџетот на Р. Македонија.
– Доколку продолжат со обиди за спречување на синдиаклното движење ќе поднесеме кривични пријави, за тоа законодавецот има предвидено казна од три месеци до три години, изјави првиот човек на СОНК, Јаким Неделков.
Во врска со препукувањата со Наставничкиот пленум, Неделков ги обвини дека тие одработуваат партиски агенди, и дека изнесуваат тешки обвинувања за земање пари од претходната владејачка гарнитура , какоа и за назначување на членови во управни одбори, што според него е невистина, а најви и кривични пријави и за нив.
-Вчера имавме средба со претставници на владата на која ни порачаа дека е потребно време за консултации и пресметки, ние сакаме демократски да ги решаваме проблемите, преку преговори, и се надеваме во оваа насока дека ќе се реши, порача претседателот на КСС, Благоја Ралповски.