Османи: Македонија и Албанија заслужуваат место во стратегијата за проширување на Европската Комисија

Од:

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во рамките на посетата на Република Албанија оствари средба со Министерот за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Дитмир Бушати.

На средбата беше дискутиран развојот на билатералните односи меѓу двете земји, како и предизвиците со кои двете земји се соочуваат при приближувањето кон Европската Унија.

„Сакаме јасно да истакнеме дека не постои кредибилност на процесот на проширување на Европската Унија со земјите од Западен Балкан, без јасни перспективи за напредок на европските интеграции за Македонија и Албанија“ истакна Османи.

Тој додаде дека и Македонија и Албанија заслужуваат соодветно место во Стратегијата за проширување на Европската Комисија, најавена од нејзиниот Претседател Јункер, а која се очекува да биде објавена на почетокот на февруари.

Соговорниците ја отворија и темата за полноправно членство на Република Македонија во НАТО, за што Османи побара директна поддршка од страна на Република Албанија.

„Македонија и Албанија имаат одлични меѓусебни односи кои очекуваме да резултираат со поддршка и заложба од страна на Албанија за нашето членство во НАТО“ – истакна Османи.

На средбата беше потенциран новиот моментум во кој се наоѓаат земјите од западен Балкан, кој беше оценет од соговорниците како историска шанса за народите на Балканот конечно да ги затворат прашањата за меѓусебна интеграција и да се приклучат на цивилизациските текови на Европа.

„Имаме заеднички предизвик, но и заедничка можност да се приклучиме на современите цивилизациски текови, што претставува исполнување на историската обврска да обезбедиме прогрес и напредок за граѓаните на нашите земји“ – истакна Османи.

Покрај средбата со Министерот Бушати, Вицепремиерот Османи оствари средба и со Претседателот на Република Албанија, Илир Мета, Претседателот на Собранието Грамоз Ручи, а во агендата е предвидена и средба со претседателот на Демократската партија на Р. Албанија, Лулзим Баша.

Посетата на Тирана е дел од мини балканската турнеја која Вицепремиерот Османи ја започна со посетата на Атина на почетокот на месецов и истата се очекува да продолжи со посета на Белград, а потоа и на Софија.

Би можело да ве интересира

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните

СДСМ обвинува: Планот на Владата ќе ја турне државата во уште поголем долг

Горан Наумовски

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај

Горан Наумовски

Владата најави поевтинување на дизелот за 6,5 денари

Владата одлучи: Нема да трошиме време и пари на референдум за европскиот пат

Горан Наумовски