Една патничка родила ќерка во авион за време на летот од Сибир до ерменскиот главен град Ереван, па на девојчето му го дала името по стјуардесата која и помогнала при породувањето.
Девојчето се родило во саботата, два часа пред леталото на авио компанијата Армавиа да слета во Ереван, по долгиот лет од Сибир.
Стјуардесата рече дека забележала дека почнало породувањето на 31-годишната патничка Армина Балајан и организирала се што било неопходно во дадените околности.
“Сите членови на нашиот екипаж помогнаа при породувањето”, рече стјуардесата Асмик, како што е и името на бебето, кое дојде на свет во авионот.
Армина Бабајан при влегувањето тврдела дека нејзината бременост е шест и пол месеци.