ВИДЕО: Град Скопје со средства од проектот „Скопје 2014“ ќе поставува енергетски фасади

Од:

„70 милиони денари од проектот „Скопје 2014“ ќе бидат пренаменети за изградба на енергетски ефикасни фасади во сите средни училишта во Скопје“, информираше градоначалникот Петре Шилегов.

Реконструкцијата на средните училишта е планирана да започне на 10-ти јуни и да трае се до почетокот на новата учебна година.

Покрај енергетски ефикасните фасади Шилегов најави дека ќе бидат поставени филтри за воздух во секоја училница во вкупно 23-те средни училишта.

Дополнителни 20 милиони денари се предвидени за доопремување на училиштата, обновување и уредување на внатрешната инфраструктура.

Шилегов најави и подобар пристап во училиштата за учениците со физичка попреченост преку поставување на рампи пред и во училиштата.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето