Воз со околу 600 патници остана блокиран во текот на ноќта во Јапонија поради снежна бура, јави ДПА. Дел од патниците беа евакуирани, но поголемиот дел, околу 430, останаа во возот.
Едно лице е одведено во болница, а на уште четворица им беше укажана медицинска помош, откако им се се слоши во возот блокиран помеѓу станиците Токио и Обиори во префектурата Нигата.