Град Скопје: Нема забрана за влез на возила од други градови поради загадувањето

Од:

Градот Скопје реагира на информациите кои што се објавија на некои портали околу наводна забрана за влез на возила во Скопје од другите градови, како дел од мерките против загадувањето.

„Град Скопје не планира никаква забрана за влез во Скопје со моторни возила, како што пренесоа дел од медиумите. Градот Скопје во насока на намалување на влезот на возила во Скопје размислува за имплементирање на систем на комбиниран превоз, каде на граѓаните од внатрешноста ќе им овозможи бесплатен паркинг на влезовите во Скопје, а до својата дестинација да стигнат користејќи го јавниот превоз (железница, автобус или велосипед)“, соопшти Градот.

Некои проценки во јавноста говорат дека секој ден во Скопје влегуваат десетици илјади возила од градовите од внатрешноста и истите значително придонесуваат за сообраќајниот метеж во Скопје.

Овој систем на „Паркирај и вози“ (park&ride) го има во сите поголеми метрополи и станува збор за успешен модел кој што дава одлични резултати, а воведувањето на овој систем беше и дел од изборната програма на градоначалникот Петре Шилегов на изборите во 2017-та. Овој систем има за цел да го олесни јавниот превоз во Скопје, транспортот да биде побрз и поевтин од користење на сопствено возило, а воедно да се охрабри користењето на комбинираниот јавен превоз.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето