Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека неговата основна забелешка за Парискиот климатски договор е што со него неправдено се третираат САД.
Тој нагласи дека ако биде постигнат подобар договор, Вашингтон може да биде убеден повторно да се приклучи на тој договор.
– Договорот е многу нефер кон САД, изјави Трамп на прес-конференцијата со норвешката премиерка Ерна Солберг. Тој вели дека нема проблем за договор со клима, но дека Парискикот договор „е лош договор“, коменирајќи дека тоа е уште еден во низата лоши договори кои ги склучил Барак Обама.